ПРОИЗВОДИ
Тековната производна програма е дизајнирана за сегментот на производство на пакувања за живинарската индустрија. Станува збор за производство на пакувања за јајца (тацни и подлошки од рециклирана хартија). Се произведуваат четири основни големини на пакувања: подлошки за јајца 20-XL , подлошки за јајца 17-L, подлошки за јајца 15-M, подлошки за јајца комерцијално пакување 10 .
Моменталниот капацитет на линијата за производство е преработка на 5 тони отпадна хартија на ден, или околу 1.800 тони годишно.