ПРОЦЕС
Рециклирање (преработка на отпад или добивање на второсуровини) е преработка на користените материјали за добивање нови производи. Со овој процес се спречува губењето на материјали, намалувањето на потрошувачката на нови суровини, се намалува користењето на енергијата, се намалува загадувањето во воздухот и во водата. Речиси половина од отпадот што го создаваат луѓето може да се рециклира. Знакот за рециклирање има три стрелки кои ги означуваат трите фази: собирање, преработка и повторна употреба.
Рециклирањето е трета компонента од таканаречената хиерархија на отпад која гласи „Намали, искористи повторно, рециклирај“. Рециклирањето цели кон подобрување на животната средина со намалување на користењето на нови суровини и создавање на „ циркуларна економија “, во која на отпадот не се гледа како на финален производ туку како ресурс за создавање на нови производи.
Нашата услуга за рециклирање хартија е така дизајнирана за да ја подобри вашата стапка на рециклирање, да ја отстрани сложеноста и да го пренасочи отпадот од депонијата.
Нашата навремена и сигурна услуга за собирање е конкурентна и овозможува едно место за контакт за вашиот процес за отпад со што сте слободни да го водите својот бизнис.
Хартијата што ја собираме претставува суровина за постапките на нашата групација за правење хартија која подоцна се претвора во материјал за нова амбалажа со што се постигнува процес на затворено рециклирање, и тоа во рок од 14 дена.
Моменталниот капацитет на линијата за производство е преработка на 5 тони отпадна хартија на ден, или околу 1.800 тони годишно.